Мачешки приказни

Сакам да ви раскажам една приказна за малото маче што имаше среќа, за хероите по патот до неговата среќа и за хуманите луѓе од наша Македонија.  Advertisements

Борецот Лаки

Лаки е гризнат од куче при што му е набиено ноџето, карлицата и повредено газето (пролапсус во меѓувреме третирано). Беше најден како лежи и чека да умре. За негова среќа го најде наша активистка и го однесе на вет. Третиран е и дадена му е соодветна медицинска помош. Ве молиме помогнете ни со покривање на…

21 Кутре бара дом!

21 кутре на број вкупно. 1 мал раст 20 среден раст, 9 машки 12 женски. Имате избор во секоја боја! на возраст од 1 месец, 3 недели и 1,5 месец, од 4 различни кучки. Ги спасивме и сеуште спасуваме СИТЕ од сигурна смрт. НИ ТРЕБА ПОМОШ СО ВДОМУВАЊЕ! За секој кој ќе вдоми добива бесплатна…

Букет Маченца

Кај Даниела во моментов има цел букет мачиња во најразлични бои – сите за подарување! Секое од нив е останато без мајка не по своја вина и нивните мали животи зависат само од вашите хумани срца!

Нала

Нала е хаска и има 16 месеци. Има уште само неколку дена сместување и нејзиното вдомување е ИТНО! Кутрето е преубаво, со зборови неможе да се опише нејзиниот грациозен див изглед. Контакт: 070 235 417  Шифра на вдомување: NALA  

Лили- мешанче од хаска

Ова премило душиче, доста дружељубиво кутре бара многу итно домче, спасено беше по трет пат од Вардариште. Има 3 месеци, девојче е и го добивате прочистено и избањато. Лили е преубава и душа дава (буквално) за да се гали. 🙂 Кој ќе ја земе ќе дознае што значи да бидеш сакан безусловно! Контакт: 077 99…

Сива

Пол: Женски  Возраст: 1 година Сторијата за Сиве е вообичаено трагична. Кутрото кутре од мило помило е, не сме запознале волку кротка и благодарна душа. Удрен од кола, со скршеница на предното ноџе, за среќа на време интервениравме да го засолниме и лекуваме. Како да не се доволно постојаните болки кои ги има, кутрата душа…

Две девојки бараат дом ИТНО!!!

Овие женки, мешанчиња од лабрадор, се од 10-те сирачиња кои беа оставени на смрт во кутија. Уште тие немаат дом, прочистени се од внатрешни и надворешни паразити, дружељубиви се и игриви. СПОДЕЛЕТЕ!!! Контакт: http://www.facebook.com/ivana.ive.v

Денот на ЦРНАТА МАЧКА!

Денес светот го прославува денот на сите црни мачиња! Тие се елегантни и божествени, секогаш во мода и одговараат на секоја друга боја :), ама никако НЕ се баксузни!

Негрита

Негрита бара итно дом (траен или привремен) Оваа црна убавица бара итно дом (постојан или привремен). Ја нарековме Негрита. Мила, минијатурна, сеуште преплашена бара некој кој ќе и даде безрезервна љубов. Најсреќна е кога ја држите во Вашите раце- тогаш веднаш почнува да пее (т.е да преде). Нема ни 3 месеци. Ја добивате прочистена од…

Кој ќе се вљуби во Мило?

Кој ќе се вљуби во овој наш мал јунак? Кој ќе ги засака неговите зелени очи и двете црни туфни? На кој нема да му смета дека Мило нема да има едно прсте на задното ноџе? Уште две недели па Мило е ЦЕЛОСНО ЗДРАВ и повеќе нема да има потреба од преврски. Сега крзненцето му…

Бестрашната Лиа

Се подарува Лиа. Бестрашна, игрива, мила, галива, љубопитна, мила…. – се е ова во едно маче! Доколку ја земете ќе ви го развесели домот.

Мал Јунак

Овој мал јунак бара дом. Беше најдено само и без мајка. Чичко ветеринар го прегледа и добар е. Сега му бараме домче каде ќе биде љубимец на семејството.

Игрива убавица

Се подарува оваа убавица која обожава да си игра. Во идина со нејзиното вдомување добивате попуст за нејзина стерилизација и вакцинација.

Мало Момче

Се подарува ова преслатко момче старо само еден месец.

Маче без рачиња

Посебно ХРАБРА и ПРЕУБАВА мачкица бара ПОСЕБЕН дом! Она нема две рачиња, меѓутоа има огромна желба за живот и куп љубов за давање. Ве молиме помогнете оваа храбра, храбра и преубава мачкица да си го најде домот!! Мора да има некаде дом за неа, некој кој ќе ја сака бескрајно!

Кукличка

Оваа убава кукличка со интересни шари си бара топло домче!

Портокалче

Се подарува ова слатко маче портокалче! 🙂

4 Мачиња

Се подаруваат овие 4 мачиња, стари само 40 дена. Првите две се машки, а вторите две се женски.

Шарени мачиња на подарок

Сите овие шарени мачиња во разни бои си бараат топло домче, некој што ќе ги храни, чува, гушка и мази. Они ќе ви вратат на свој начин 🙂

Еден Лепотан

Овој убавец со најинтересната боја на крзното си бара домче. Кутрето е преубаво и многу мило. Ако барате верен другар за прошетки и куп љубов, дајте му шанса. 😉

Двомесечни бебушки на подарок

Слатки кутриња на подарок, сите стари 2 месеци.  Прегледани се од ветеринар и сите до едно се вакцинирани и прочистени од паразити!

Црно мешанче од пудличка

Се подарува ова залутано бебе најверојатно мешанче од пудличка. Има долга густа длака и кратки ноџиња што значи ќе биде мал раст. Старо е помалку од 1 месец и девојче е. Преслатко и многу живо и игриво. Контакт: 072 233 785 или 077 832 642 Шифра на вдомување: CRNOMESHANCE

Тигричка

Јас сум тигричка стара 2 месеци и барам домче и верен пријател што ќе ме сака бескрајно. Останавме само јас и мојата сестричка, ако ви се допаѓаме контактирајте не во инбокс. 

Марко и Жарко бараат дом!

Две игриви и питоми мачиња стари 2,5 месеци бараат топло домче, ги добивате прочистени и избањати. 🙂

Лили

Се вдомува Лили. Лили изгледа дека има околу 3 месеци и е жива и дружељубива, а беше најдена пред 2 недели залутана во дворот на една фирма. Во текот на работните денови за неа донекаде се грижат вработените, но преку викенд и преку ноќ е оставена сама на себе. На Лили и е потребен вистински…

Пуфка

Прекрасно пуфкасто маченце кое многу сака да се гали е во потрага по верен пријател.

Aнгорче

Mашко, ангорче е, многу малечко, месец-месец ипол. беше заглавено во тркало од автомобил, одвај го извадивме. јаде и преде на цел глас, смешно тупаче.

Две мали кутриња

Се подаруваат овие две кутриња стари 3 месеци- само на вистински љубители кои би ги чувале, мазиле и пазиле. Контакт: 077 609 282 Шифра на вдомување: DVEMALI

Тигрести убавици на подарок

ИТНО СЕ ПОДАРУВААТ ОВИЕ ДВЕ ПРЕУБАВИ ТИГРЕСТИ МАЛИ МАЧИЊА. Стари се 1, 5 месец, женски. Потребно е најитно да им се најде дом или привремеено сместување, бидејќи на бабата која ги чува и се влоши здравствената состојба и неможе повеќе да се грижи за нив. Имаат дом само уште еден ден. Ајде да им најдеме…

Мачиња за ИТНО вдомување

Изгледа како ѓаволче, а нема поголемо галениче од неа. вчера ни дојдоа гости, и ним, од прво гледање, им се џиткаше да се гали од нив. женско, ситничка, стара нешто помалку од една година, веќе е оперирана.

Мали слатки кутриња на подарок

ИТНО! Кучиња за вдомување, некои стари неполни два месеци, некои малку постари. Ги има во сите бои. Прегледани се од ветеринар (тазе) и сите до едно се вакцинирани и прочистени од паразити! Телефон за контакт: 075/701 577 Шифра на вдомување: JETA 1-….. 

РОКО бара дом!

Роко преубаво тримесечно кутре кое бара дом. Вдомете го и поминувајте ги слободните мигови во игра и задоволство 🙂 Контакт: 077991017, Софија Шифра на вдомување: ROKOSOFI

Кутриња со минијатурен раст бараат дом

Овие преубави мали минијатури- братче и сестриче бараат дом. Фотографиите не ја доловуваат нивната убавина. Не се двоумете! ПРЕСЛАТКИ СЕ! Имаат 1.5- 2 месеци. Се ПОДАРУВААТ. Контакт: FB Шифра на вдомување: MAL1, MALA2

Мало црно срце

Преслатко малечко црно бонбонче, фрлено на улица, бара итно, итно домче! Мила е и нежна, бара само топлина, љубов, галење и грижа. Земете ја и усреќете ја. Спасете ја од улица! Никогаш нема да зажалите и ќе стекнете пресладок и најверен пријател. Контакт: Столе 077 487 253, 078 234 874 Шифра на вдомување: CRNOSRCE  

8 МАЧИЊА ПАЛАВЧИЊА БАРААТ ДОМ!

2 машки 6 женски мачиња чекаат нов дом. Сите се на возраст од 2 месеци, прочистени од глисти третирани од болви, здрави весели мачиња, научени за во дворче или во стан, знаат и во песок да си вршат нужда. Контакт: 078400009-Ивана Шифра на вдомување: palavko1, palavko2, palavko3, palavko4, palavko5, palavko6, palavko7, palavko8

Малата Мици

Се подарува најслатката Мици, стара само 1 месец, голема колку едно раче. Ќе ја добиете прочистена од паразити и избањата, чувана во домашни услови. Се бараат луѓе кои ќе ја чуваат со многу многу љубов! Контакт: 077 907 804 или ФБ